skip to Main Content

Интер Акаунт Консалтинг ДООЕЛ Скопје е друштво кое на своите тековни и идни клиенти им нуди услуги голем избор на услуги и решенија за секаков вид на прашања поврзани со административни, сметководствени и правните активности.

Согласно законот за вршење на сметководствени работи нашето друштво поседува лиценца за вршење на сметководствени работи и е евидентирана во Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија. Исто така друштвото Интер Акаунт Консалтинг е полноправен член на Комора на сметководители при Сојуз на стопански комори на Македонија.

Нашата понуда вклучува широк спектар на стручни услуги од областа на материјално и финансиско сметководство, даноци, финансии, вклучително планирање, организација и контрола како и оперативно извршување на истите. Нудиме услуги за мали, средни и големи претпријатија, физички лица, трговец поединец, компании со странски капитал, странски претставништва, непрофитни организации и граѓански здруженија.

За обработка на деловната документација и управување на сите бизнис области и функции во субјектите, користиме професионален сметководствен софтвер кој е редовно надоградуван со сите законски промени.

За успешна имплементација на Законските прописи, активно присуствуваме на семинари и обуки од областа на финансиското сметководство, финансиите, меѓународните сметководствени стандарди и меѓународните стандарди за финансиско известување, даноците, трговското право, работните односи.

5 ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА ГО ОДБЕРЕТЕ ИНТЕР АКАУНТ КОНСАЛТИНГ:

ИСКУСТВО

Во нашата фирма работат искусни лиценцирани овластени сметководители со работно искуство над 15 години спремни да одговорат на секаков вид на прашања.

ПРОФЕСИOНАЛИЗАМ

Вработените се овластени сметководители кои покрај искуството редовно присуствуваат на континуирана посета на семинари и обуки од областа на сметководството и финансиите и ги следат сите законски промени.

ЕКСПЕДИТИВНОСТ

Сите ваши барања во врска со водењето и функционирањето на вашата фирма ги извршуваме во најкус можен временски период.

АЖУРНОСТ

Работиме по принцип на месечно примо-предавање на сметководствената документација и сето тоа е ажурирано за неколку дена.

СЕРИОЗНОСТ

Нашата фирма е регистрирано сметководствено биро, е-регистрационен агент за ефикасно спроведување на сите уписи и промени во трговскиот регистар, е-поднесување на документација до сите државни институции и консалтинг на компаниите за успех во економските предизвици и перспективноста во бизнис заедницата.

Нашите услуги се:

Доколку се одлучите за промена на вашето досегашно сметководство, слободно побарајте помош и ние ќе ги превземеме сите потребни активности за промената да помине неосетно за вас.

Back To Top