Нашиот тим ќе ви даде проактивен совет и насоки за дејствување и прецизно објаснување на сложените даночни закони.
Ги опфаќаме сите аспекти за обработка и е-поднесување на даноците:
- Даночен консалтинг
- Пресметка на даночни обврски (данок на додадена вредност, персонален данок, двојно оданочување, данок на добивка)
- Оптимализација на даночно оптеретување, пребивање и поврат на данок и слично.
Ја интегрираме контролата на финансиските резултати со даночна контрола со цел да обезбедиме дека е во согласност со важечките даночни барања.
Со нашата помош можете да обезбедите ефективно даночно планирање, точна даночна евиденција и максимизирање на вашиот профит преку минимизирање на даночната изложеност запазувајќи ги законските рамки.